Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
Во следните два дена ќе ги посетам Србија, Косово и Северна Македонија и ќе се ангажирам со владите и граѓанското општество за нивниот пат кон ЕУ, објави утрово на Икс високата претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на официјалниот дел од нејзината работна посета на Белград.
- Дијалогот Белград-Приштина е неопходен за да се движиме напред. Сега е време повторно да се ангажираме, додаде Калас.
Во рамките на како што наведе во објавата, нејзиното „враќање на Западниот Балкан“, Калас утре ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски ќе го отворат првиот Дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Северна Македонија, а во придружба на министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе ја посети постојаната Балканската медицинска работна група. Таа ќе има средби и со претставници на младински и студентски организации од земјава.
Ова е втора посета на Калас на регионот по нејзиното преземање на должноста, откако претходно од 7 до 9 април престојуваше во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан
-
Може ли финско-руската граница да биде следната зона на конфликт по војната во Украина?