Заменети 155 стари контејнери со нови на 28 локации во Скопје

Град Скопје замени со нови вкупно 155 дотраени контејнери на 28 локации, во пет општини, во рамки на акцијата за подобрување на подигањето на отпадот на територијата на градот Скопје.
Освен замена на старите, екипи на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје реализирале и акција за миење и дезинфекција на контејнерите за исфрлање на комуналниот отпад со зафатнина од 1,1 м3, поставени во општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Чаир и во Кисела Вода.
Контејнерите, како што информираат од Град Скопје, се транспортираат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, каде што се врши нивно миење, дезинфекција, репарација, а со помош на автоцистерни се изведува и комплетно миење и на џебовите на нивните микролокации.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како што информираат, во претстојниот период ќе продолжи со активностите во сите скопски општини, со цел да се подобри хигиената на садовите за исфрлање на отпадот, како и на самите микролокации за да се избегне ширењето на непријатните миризби.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
