Законот за имплементирање на Планот за економски раст од денеска на ЕНЕР
Заинтересираните од денеска на ЕНЕР можат да го разгледаат и да се запознаат со законот за финасиска поддршка на инвестициите со кој се формализира поддршката и имплементацијата на мерките од Планот за економски раст на Владата и да ги достават своите сугестии, нјави министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.
Тој посочи дека со законот се понудени нови мерки што за цел имаат да го поттикнат растот и конкурентноста на домашната економија преку поттикнување на нови инвестиции, нови вработувања, поддршка на извозот и поттикнување на растот и иновативноста на малите и средните препријатија.
- Со законот првпат овозможуваме еднаков третман за сите инвеститори, домашни и странски под транспарентни и јавни услови. Основните критериуми што ќе треба да ги исполнат претпријатијата за да аплицираат за поддршка се раст на приходите и задржување или зголемување на бројот на вработени. При тоа мерките се дадени во три столба - финансиска поддршка за инвестиции; финансиска поддршка за конкурентност; и финансиска поддршка на малите и средните претпријатија и иновациите, рече Бектеши.
Со имплементирањето на законот, како што кажа, се очекува зголемување на приватните инвестиции, на вработеноста, на ефикасноста, продуктивноста и конкурентноста на приватниот сектор, како и зголемување на извозот и регионалната економска соработка и подобрување на благосостојбата на граѓаните.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми