Закерберг: Тоа беше моја грешка и се извинувам за неа
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг призна дека не успеал да го зашити личниот живот на корисниците на социјалната мрежа, чии лични податоци можат да бидат искористени за политички цели, истовремено и да ја заштити и компанијата.
Во сослушувањето на седницата на Комисиите за трговија и правни прашања на Сенатот на САД, кое траеше речиси пет часа, 33-годишниот Закерберг детално одговараше на прашањата на сенаторите.
- Ние не продаваме податоци, изјави Закерберг и негираше дека компанијата му е средство за следење на луѓе на интернет.
Според сенаторите, социјалната мрежа формирана во 2004 година, не успеала да ги заштити личните податоци на корисниците и дозволила политички манипулации.
Полемиката се разви во средината на март по скандалот со фирмата „Кембриџ аналитика".
Податоците на околу 87 милиони корисници се најдоа во рацете на британската фирма за анализа на податоците, пред Фејсбук да почне да воведува ограничувања во 2014 година. Фирмата потоа работеше за предизборниот тим на Доналд Трамп во кампањата на претседателските избори во 2016 година.
- Не ја проценивме добро нашата одговорност и тоа беше голема грешка. Тоа беше моја грешка и се извинувам за неа, рече Закерберг. - Денес е очигледно дека не сме направиле доволно, за да спречиме тие алатки да бидат искористени недобронамерно, додаде шефот на Фејсбук.
Компанијата со над две милијарди корисници е обвинета дека послужила като инструмент за дезинформации и политичка манипулации, извршени, според американското разузнавање од Кремљ, со цел да го олесни изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Москва ги отфрли таквите обвинувања.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец