„Закажи средб@“ задолжително од 1 мај за користење услуги во УЈП - Скопје
Даночните обврзници кои ги користат даночните услуги на Регионалната дирекција на УЈП - Скопје од 1 мај годинава задолжително ќе треба да ја користат услугата „Закажи средб@“.
Услугата овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП - Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, oтворање бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување даноци, постапки за наплата на долгови;, како и правни прашања.
Услугата може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. Средбата може да се закаже преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот.
Ново на Сител
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции