Закажано продолжение на сослушувањето на Димовски пред матичната собраниска комисија за случајот Онишченко
– Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов за денеска го закажа продолжението на седницата на која сега веќе поранешниот дирекрот на АНБ Виктор Димовски треба да продолжи со рефереирање за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство.
Првото продолжение на седницата, кое беше затворено за јавноста, беше прекинато бидејќи имаше информации дека на јутјуб се слуша она што го зборувал Димовски. Собранискиот спикер Талат Џафери го информираше МВР и беше спроведена истрага. Денешното продолжение Пренџов го закажа откако јавноста беше информирана дека извештајот од МВР пристигнал.
Во меѓувреме Владата побара одземање на државјанството на Онишченко и спроведува истрага за случајот, а вчера исто така е именуван и нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Станува збор за Зарко Милошевски кој досега бил помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ. Досегашниот директор на АНБ Димовски заминува на амбасадорката позиција во Париз.
Претседателот на Комисијата за надзор на безбедносните служби Пренџов, и покрај тоа, закажа продолжение на отчетот на Димовски и очекува тој да се појави во Парламентот.
По првото продолжение на седницата Димовски изјави дека лоцирано е едно лице во АНБ кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за украинскиот државјанин Олексндр Онишченко нема безбедносен ризик,.
-Останува да утврдиме дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ништо од ова не е исклучено. Сакаме, и мој прв и најголем интерес е ова да го откриеме. Ќе го откриеме, нема да застанеме, рече тогаш Димовски.
Ново на Сител
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение