Балкан
4. September 2017 - 14:04

Зајберт: Турција во моментов не е подготвена да се присоедини кон ЕУ

Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт изјави денеска дека прашањето за прекинување на преговорите за членство на Турција во Европската унија, може да биде ставено на дневен ред на самитот на Унијата, што е планиран да се одржи следниот месец. 

- Доколку во октомври има заседание на ЕУ, посветено на темата (за односите со Турција), тогаш германската канцеларка, како што изјави претходно, ќе зборува со нејзините колеги дали треба да бидат прекинати преговорите, наведе Зајберт. 

Тој додаде дека „Турција во моментов не е подготвена да се присоедини кон ЕУ“. 

- Зборовите на канцеларката зборуваат сами по себе. Турција воопшто не е во позиција да се присоедини кон ЕУ. Всушност, преговорите стагнираат во моментов,  посочи Зајберт. 

Претходно, германската канцеларка Ангела Меркел констатираше дека „Турција не треба да стане членка на Унијата“.