Зајакнување на мерките за превенција против птичјиот грип во Франција

Ризикот од внесување на вирусот од птичјиот грип во Франција од страна на птиците преселници преминува од „занемарлив“ до „умерен“. Во некои области, одгледувачите на домашни птици се бара треба подобро да ги заштитат своите птици, вакцинацијата е „задолжителна во зоолошките градини“ и забрането е ослободување на дивеч со пердуви.
Министерот за земјоделство на Франција одлучи од понеделник да ги зајакне превентивните мерки во живинарските фарми против вирусот на птичји грип, чиј ризик за внесување во Франција од страна на птиците преселници преминува од „занемарлив“ на „умерен“ .
-Високо патогениот вирус на птичји грип Х5Н8 е откриен на 20 октомври на два лебеди во Холандија“, укажува Министерството во денешното соопштени за јавноста, прецизирајќи дека „овие случаи алармираат на ризикот од внесување во Франција на вирусот во миграционите коридори што моментално ги користат дивите птици “.
Министерот Жулиан Денорманди „повикува на строго почитување на мерките за биосигурност и зголемен надзор од страна на професионалните актери, лица кои чуваат птици и ловци“, се вели во соопштението за печатот.
Превентивните мерки ќе бидат задолжителни од понеделник „во општините лоцирани во области за кои се вели дека се од посебен ризик (ЗРП), како мочуриштата каде што живеат птици преселници“, според истиот извор. Тие се состојат од „ограничување или заштита на живинарски фарми преку мрежа со намалување на надворешните патишта за животните“, „забрана за собирање птици“ на натпревари или изложби на пример, па дури и „транспорт и ослободувања на дивеч со пердуви “и „ употреба на мамци повикувачи “од ловџиите.
Низ целата земја, секојдневниот клинички надзор во комерцијалните фарми е задолжителен и се забрануваат натпреварувања на гулаби писмоносци. Вакцинацијата е „задолжителна во зоолошките градини за птици кои не можат да бидат ограничени или заштитени под мрежите“.
Министерството прецизира дека „до денес, Франција е поштедена од птичји грип“ и дека „потрошувачката на месо, паштета и јајца не претставува никаков ризик за луѓето“.
Вирусот Х5Н1 во 2015-2016 година и Х5Н8 во текот на зимата 2016-2017 десеткуваа милиони патки, заклани за да се забави ширењето на вирусот во неколку оддели на Југо-запад. Оттогаш секторот воспостави батерија на мерки за здравствена безбедност за да се избегнат нови епидемии.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
