Зајакнување на граѓанското општество за ефикасни реформи во правосудството
Во ЕУ Инфоцентарот денеска ќе се одржи почетен настан за одбележување на ИПА 2014 грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“.
Најавени се обраќања на министерката за правда Рената Дескоска и Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија.
ИПА 2014 Грант проектот „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“ е дел од ИПА II Акциска програма 2014 „Поддршка на Секторот Правда“. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.051.000 евра, а максималниот износ на висината на поединечен грант е 200.000 евра.
Конкретните цели на проектот се поддршка на граѓанскиот сектор за оценка на перформансите на правосудниот сектор во соработка со засегнатите страни од јавниот сектор, обезбедување правна помош за граѓаните и подобрување на партнерства меѓу затворите, пробациската служба и организациите од граѓанскиот сектор за промовирање на рехабилитацијата и социјалната вклученост, вклучувајќи едукација, работа и други активности.
Корисници на грантовата шема се Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Асоцијација за развојни иницијативи ЗЕНИТ, Здружението на граѓани Институт за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, Асоцијацијата за демократска иницијатива и Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“, Македонско здружение на млади правници и СОС Детскo селo Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Environmental Management and Law Association, Унгарија и Национален Ромски центар и Здружение СИМБИОЗИС 12.
Ново на Сител
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за скандалот во АНБ
-
Тошковски: Обвинителството не реагира на поднесените пријави
-
Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ
-
На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
-
Невработеноста паѓа. Расте и бројот на лице кои работат на црно
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата