-->
-->
Зајакнати сообраќајни контроли за побезбеден сообраќај
-->

Во текот на изминатите два дена биле спроведени сообраќајни контроли во Скопје во кои биле извршени проверки на 2.335 возила и возачи.
- Поразителен е фактот што кај 480 возачи констатирано е присуство на алкохол во крвта и тие се исклучени од сообраќај, нагласи Спасовски.
Викендов во Скопје евидентирани се и 454 други сообраќајни прекршоци и за нив се издадени соодветни санкции.
- Ова се запрепастувачки факти да имаме 480 лица под дејство на алкохол за две вечери. Ова ни дава одговор зошто се случуваат толку многу сообраќајни несреќи. Репресивниот елемент не е основа за намалување на овие прекршоци, но сепак е еден од начините, рече Спасовски.
Посочи оти потребно е да се подигне сообраќајната култура на граѓаните во земјава и додаде оти за тоа е потребна и зајакната соработка меѓу нив и полиција. МВР од свои сопствени буџетски средства набавило нови 80 дрегери за тестирање на присуство на алкохол по цена од 55.000 денари без ДДВ, 30 радари за контрола на брзината на возење по цена од 340.000 денари, како и 30 фотоапарати со надворешен блиц и дополнителна опрема за потребите на сообраќајните увидни екипи по цена од 59.355 денари без ДДВ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жена од Штип удрена од возило без возач кое само тргнало од паркинг местото
-
Нова германска донација за пожарникарите доброволци на ДПД Кoчани
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата
-
Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница