Зајакнати безбедносни мерки околу Евровизија
Додека пејачите се подготвуваат за вечерашниот настап на Евровизија во Тел Авив, израелската полиција формира кордон со висок безбедносен степен околу објектот во кој се одржува фестивалот за да спречи напади или протести на луѓето што ја бојкотираат манифестацијата и ги повикуваат фановите да го игнорираат настанот.
Овогодишниот меѓународен музички натпревар на кој учествуваа 41 земја беше во фокусот на пропалестинските апели за бојкот во знак на протест против израелската политика на Западниот Брег и во Газа, потсетуваат светските агенции.
Никој од финалистите или медиумските покровители не се повлече, но организаторите имаат обезбедување и во халата ако активисти се обидат да го прекинат преносот во живо на финалето или некој од изведувачите да одржи протест на бината.
Под реден број 8 вечерва ќе настапи и нашата претставничка, пејачката Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“). Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.
Како специјален гостин на финалната вечер на 64-та Евровизија ќе настапи 60-годишната поп ѕвезда Мадона.
Тамара Тодевска четврти пат учествува на Евровизија, но првпат како солист. Пред седум години пејачката Калиопи со песната „Црно и бело“ настапи во финалето на 57-та Евровизија, што се одржа во Баку, Азербејџан.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата