Захарова: Вовлекувањето на Србија во НАТО по убиството на Србите во Либија е понижувачко

Вовлекувањето на Србија во НАТО по убиството на српски државјани во Либија, кои загина од американски бомби, е понижувачки за земјата, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави ТАСС.
- Ми изгледа дека тоа е одреден вид на понижување, станува збор за т.н. стокхолмски синдром, посочи таа.
За време на викендот беше соопштено дека двајца вработени во српската Амбасада во Триполи, заробени од исламистички борци во ноември минатата година, загинале при воздушни напади на САД врз камп на групацијата Исламска држава во Либија.
Потсетувајќи дека убиените службеници на Амбасадата биле заложници на ИД, Захарова истакна дека најтажното е што таа информација ја доставиле ФБИ и ЦИА, иако сега негираат дека знаеле дека тие се наоѓаат таму.
- Сето ова се случува додека Западот се обидува постепено да ја вовлече таа иста Србија, а и Црна Гора во НАТО. Им велат на Црногорците, треба да влезете во НАТО, ние ќе ве заштитиме, рече Захарова во емисијата „Вечер со Владимир Соловјов“.
Таа додаде дека истото сега се обидуваат да им го порачаат и на Србите.
- Како можете да заштитите земја кога имате информација дека луѓе заложници се наоѓаат на одредена територија, а вие ги бомбардирате. Каква безбедност, за што зборувате? Тоа е посебен вид на понижување, наметнување на стокхолмскиот синдром кога ги тераат своите жртви да ги засакаат и јавно да признаат дека сакаат кај нив. Тоа е посебен вид на перверзност, нагласи Захарова.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Зеленски: Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате
-

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа
-

Мицкоски: Заедничката изјава со Белата куќа за Договорот за трговија со САД е историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
-

Германски авиони ќе учествуваат во мисијата на НАТО „Арктичка стража“
-

Кос: ЕУ би можела да одбие Србија да има пристап до средства од пакетот од 1,6 милијарди евра
-

Апел за донации: Потребна е итна помош за лекувањето на осумгодишната Ана
-

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март
