Захарова: Со антируските изјави Ѓукановиќ „го свитка грбот“ пред НАТО

Со своите изјави против Русија црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ уште еднаш „го свитка грбот“ пред раководството на НАТО, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, цитирана од ТАСС.
На овој начин Захарова ја искоментира изјавата на Ѓукановиќ од 12 јули дека руската пропаганда е опасна.
- Ние ги слушнавме идеите, што ни се познати од изјавите на лидерите на НАТО, дека просторот што не е заземен од Европската Унија и НАТО ќе биде пополнет од други сили. Под други сили се подразбира Русија или радикалниот исламизам, рече Захарова.
Таа истакна дека тоа не е нова тактика и многу други „новобранители“ во Алијансата на истиот начин го „виткале грбот“ пред НАТО.
Захарова препорача наместо да „им слугува“ на други, Црна Гора да му служи на својот народ и да свика референдум за членството во НАТО.
- Референдумот не се свикува затоа што господин Ѓукановиќ стравува да го слушне мислењето на неговиот народ, подвлече Захарова.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
