Живот
2. November 2017 - 23:17

Захарова поверувала во фотомонтажата на Хилари Клинтон со Осама бин Ладен

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, зборувајќи за американската администрација и нејзиното лобирање, потсети на една фотографија на која наводно се гледа основачот на Ал Каеда Осама бин Ладен во Белата куќа. Проблемот е што фотографијата е фотомонтажа.

- Потсетете се на оние фантастични, вџашувачки фотографии, како Бин Ладен е нагостен во Белата куќа, изјави неодамна Зафарова при гостување на руската државна телевизија.

Би-Би-Си објави дека станува збор за фотомонтажа која кружела по руските налози на Твитер минатата година.

- Дефинитивно е лажна, неведува Би-Би-Си, прецизирајжи дека лицето на Бин ладен е „залепено“ врз музичарот Шубашиш Мукхарџи, со кого Хилари Клинтон се сретнала во 2004 година, додека била сенатор на Њујорк.

Би-Би-Си ја објави и оригиналната фотографија, на која се гледа Клинтон со музичарот.

Фотомонтажа

Американскиот сајт за проверка на факти Сноупс утврди дека фотографијата е направена во рамки на натпревар за фотошоп страницата Фрикингњуз.