Захарова: Оставката на Јермак е ПР потег, нападот врз Каспискиот нафтовод е тероризам

Оставката на Андриј Јермак, досегашниот шеф на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е уште еден „ПР потег на киевскиот режим“ и мора да биде осуден, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, додавајќи дека нападот врз Каспискиот нафтовод конзолциум претставува тероризам.
„Сето ова е само уште еден ПР трик. Киевскиот режим сече вреќа со песок за да спречи целосно да се сруши нивниот меур. Всушност, ова не е прашање на оставка, туку е прашање дали целата оваа банда ќе биде изведена пред лицето на правдата. Не само за домашни злосторства како што е проневера на парите на Украинците, туку и за меѓународни криминали“, изјави Захарова, пренесена од руските медуми.
Москва смета, додаде таа, дека „тоа е меѓународна криминална шема“.
Захарова, исто така, изјави дека Русија ќе ги информира меѓународните организации за „терористичкиот напад“ врз инфраструктурата на Каспискиот нафтовод конзорциум (КТК), за кој ја обвинува Украина.
„Веќе им е јасно на сите дека оваа меѓународна терористичка неонацистичка ќелија претставува закана за светската безбедност“, тврди Захарова.
Според КТК, украинските сили во текот на ноќта со чамци без екипаж го нападнале морскиот терминал во близина на Новоросијск.
КТК е клучен нафтен коридор од Каспискиот басен до светските пазари, особено за Казахстан, чиј извоз во повеќе од 80 проценти од случаите оди во таа насока, објавија руските медиуми.
Нафтовод долг околу 1.500 километри ги поврзува полињата на западен Казахстан со Црното Море, од каде што нафтата се товари на танкери.
Украинските антикорупциски служби во петокот го претресоа станот и канцеларијата на Јермак, што тој го потврди. Недолго потоа, Зеленски објави дека Јермак поднел оставка, која претседателот потоа официјално ја прифатил.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
