Захарова: Неосновани обвиненијата од Македонија за вмешаноста на Русија во протестите
Изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев дека бизнисмени кои имаат симпатии кон Русија ги финансираат протестите во Македонија се неосновани, изјави денеска во Москва портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Како што информира Спутник Србија, таа на редовниот брифинг со новинарите изјави дека Русија е збунета со изјавата на македонскиот премиер дека одредени бизнисмени кои се наклонети кон Русија, наводно ги финансираат антивладините протести во Македонија, кои се поврзани со договорот со Грција околу преименување на земјата во Северна Македонија. Таа нагласи дека ова е уште една порција несновани обвиненија против Москва.
- Сето ова очигледно е потребно само поради една цел - зголемување на антируската хистерија. Очигледно е дека повторно не постојат факти кои би можеле да ги потврдат овие зборови и ништо нема да ни биде претставено, инаку тоа досега би било направено, изјави Захарова.
Премиерот Заев во интервјуто за американскиот „Базфилд“ пред два дена изјави дека насилните протести во Македонија ги финансирале про-руски бизнисмени.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје