Захарова: Москва адекватно ќе му одговори на Западот
Москва адекватно ќе одговори на одлуките на Вашингтон и повеќе западни земји за протерувањето руски дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- Адекватен одговор ќе биде даден на сите чекори на САД и на ЕУ, кои ги видовме, рече Захарова.
Во координираната акција на западните земји, поради случајот Скрипал, досега е најавено дека САД протеруваат 60 дипломати, Франција четворица, Германија четворица, Полска четворица, Чешка тројца, Литванија тројца, Данска двајца, Холандија двајца, Италија двајца, Шпанија двајца, Естонија еден, Хрватска еден, Финска еден, Унгарија еден, Летонија еден, Романија еден, Шведска еден, Украина 13, Канада четворица плус тројца на кои ќе им бидат одбиени апликациите од Русија, Албанија двајца, Австралија двајца, Норвешка еден и Македонија еден. ј
Ново на Сител
-
Замина легендата на македонската рок-сцена: Почина Константин Коце Икономов
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе