Захарова: Европарламентарците самите го понижуваат Борел, а не Москва
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, смета дека членовите на Европскиот парламент самите го омаловажуваат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, по неговата посета на Москва, а дека тоа не го прави Москва.
-Тие самите го понижуваат Борел и од неговата посета на Москва прават бог знае што, рече Захарова, коментирајќи некои реакции на посетата на Борел на Русија, пренесе Тасс.
Таа истакна дека Западот досега не презентираше никакви факти во случајот со опозицискиот лидер Алексеј Навални и дека случајот сега западнал во „маѓепсан круг“.
-И сега за се е виновен Борел, како што Трамп беше виновен за сите проблеми пред тоа, додаде Захарова.
Европскиот парламент вчера одржа специјална седница на која се дискутираше за посетата на Борел на Москва од 4 до 6 февруари.
Многу европратеници остро го критикуваа шефот на европската дипломатија, обвинувајќи го за самиот факт дека отпатува за Москва, за лошиот тајминг на патувањето, за недоволно цврстите позиции кон Русија, особено на прес-конференција со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, како и за задоцнетата реакција по протерувањето на европските дипломати заради присуство на неовластени протести во Москва.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата