Захарова: Домашните миленичиња на Скрипал беа важен доказ
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова упати прашање до британските власти зошто ги кремирале домашните миленичиња пронајдени во домот на отруениот поранешен двоен шпион Сергеј Скрипал.
Захарова на Фејсбук напиша дека двете морски прасиња и мачката во домот на Скрипал беа важни докази.
Британското Министерство за животна околина, храна и рурални прашања соопшти дека двете морски прасиња се пронаједни мртви во домот на Скрипал, откако истражителите го запечатија. Исто така во домот беше пронајдена и изгладнета мачка, а ветеринарите се одлучија да ја еутанизираат,
Труењето во Солсбери на 4 март со нервен гас, официјален Лондон го оцени како непријателски акт на Русија на британска територија. По инцидентот Велика Британија протера руски дипломати, а истото го направија и САД, поголемиот број земји-членки на ЕУ и други држави. Русија возврати со иста мерка.
Кремљ бара заедничка истрага за случајот Скрипал.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен