Захариева: Во Македонија на Бугарите не им се признава правото на самоопределување

Екатерина Захериева за БНТ денеска изјави дека недопусливо е тоа што во Македонија во 21 век не се признава правото на самоопределување.
-Недопустливо е во 21 век некој да не го признава правото на самоопределување, рече таа.
Предизборно одговараше на политички прашања на новинарот кој сподели анкета од гледачите на која од 25 дури 24 луѓе рекле дека спорот со Македонија нема да се реши. Захариева рече дека Бугарија има доследна политика и побара правда за Бугарите во Македонија.
„Ние сме многу доследни во политиката. Некои луѓе таму беа многу изненадени што кажавме „не“ за преговарачка рамка. Позицијата на Бугарија сепак е иста од 2019 – сметаме дека има забавено исполнување или недостиг на исполнување на задачите од македонска страна на Договорот за добрососедство со Македонија. Претходно имаше раздвижување во сите сфери, но од почетокот на 2019 година од кога станаа членка на НАТО почна недоследно исполнување, рече Захариева.
На прашањето за бугарските државјани рече дека тие 100.000 луѓе во Македонија често се заплашувани.
„Ние реагираме за секој случај и се надеваме дека тоа нема да се повторува. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Сепак недопустиво е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување, рече Захариева.
Ново на Сител
-

Кремљ ги отфрли шпекулациите за раздор меѓу Путин и Лавров
-

Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“
-

Зеленски: Орбан нема да го запре движењето на Украина кон ЕУ, исто како што Русија не успеа
-

Ѓоковиќ прв финалист во Атина
-

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи
-

Цената на преспанското јаболко со Цветан Трипуновски | Неформално | Sitel Podcast 122
-

Полициски службеник ја заменил урината на својот приведен син, кривична за техничар кој му овозможил пристап до доказите
-

Триесет дневен притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, за едно лице одреден куќен притвор
