Захариева: Договорот меѓу Бугарија и Македонија отвора нова страница
Текстот на договорот за добрососедство со Македонија е финализиран и бугарската страна нема намера да води нови преговори. Договорот е важна нова страница во односите меѓу двете земји, но по потпишувањето останува да се заврши уште многу работа, изјави вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во интервју за Бугарската телевизија.
- Договорот ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски според Уставот на Република Бугарија, наведе Захариева.
Нагласи дека договорот се базира на декларацијата потпишана во 1999 година, а разликата, како што посочи, е што се вградени механизми за следење на неговата примена, ќе има експертска комисија од историчари и општествени работници кои ќе работат на подобрување на училишните програми врз база на легитимни историски извори.
Во врска со барањата на некои македонски опозициски партии да биде признато постоењето македонско малцинство во Бугарија, Захариева вели дека властите во Софија не водат преговори со партии, туку со Влада.
- Во Скопје треба да решат дали ќе продолжат да бидат изолирани уште 11 години од своите соседи и од светот, правејќи се многу големи, или сакаат да имаат европска перспектива и развој, рече Захариева.
Екатерина Захариева најави дека договорот за добрососедство со Македонија ќе биде разгледан од бугарската Влада во текот на наредната недела, а очекува да го потпишат премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, на 2 август во Скопје.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество