Захариева: Антибугарската реторика во Македонија е заради изборите
Антибугарската реторика во Македонија е заради претстојните избори и националистичките ставови на некои политичари, смета шефицата на дипломатијата на Бугарија Екатерина Захариева.
– Дел од причината за антибугарската реторика во Македонија е националистичкиот пристап, кој е заради претстојните избори во земјата. Но, кога се стремите да бидете дел од европското семејство, на ниеден политичар не треба да му дојде на ум да зборува на таков начин, особено кон соседна пријателска земја, изјави Захариева за БНТ.
Вели дека таквата реторика во Македонија е проследена и со многу лажни вести за Бугарија и бугарските ставови. Смета дека најголем чекор назад во билатералните односи е прекинувањето на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања.
– Стопирањето на работата на заедничката комисија со Македонија – беше на нивно барање заради претстојните избори. Но, не го прифаќам аргументот дека работата на комисијата треба да запре пред изборите, бидејќи е составена од историчари, а не од политичари и никој не и дава политички инструкции, рече Захариева.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата