Загрозен Мировниот договор помеѓу САД и талибанците
Мировниот договор помеѓу САД и талибанците е на сериозен тест поради пандемијата со новиот коронавирус, бидејќи владините и талибанските затвореници умираат во затворите додека чекаат да бидат ослободени.
Според неименувани извори значително е да се одржат мировните напори бидејќи по правило на пролет почнува нов вооружен бран судири и насилство, а тоа во овој момент би ја отежнала борбата против пандемијата со Ковид-19.
Според неименувани дипломати, зачестените посети на американски претставници во регионот, посебно неодамнешната посета на американскиот државен секретар Мајк Помпео укажува дека претседателот на САД, Доналд Трамп по секоја цена сака во изборна година да постигне голем надворешнополитички успех и успешно да се реалзира мировниот договор и најавеното повлекување на американската армија од Авганистан.
Договорот потпишан помеѓу САД и талибанците предвидува повлекување на американската армија од Авганистан, а авганистанската Влада се обврза да ослободи околу 5.000 талибанци од државните затвори, а талибанците да ослободат над илјада затвореници.
Но, според неименувани извори размената на затвореници не се одвива како што е предвиден поради стравот од ширење на новиот коронавирус помеѓу населението.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје