-->
-->
Загреб е првиот европски град што нуди роботакси-услуги
-->

Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици.
Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. Услугата засега ја користат околу 300 луѓе. Услугата на компанијата е дизајнирана да биде целосно самоуправувачка, но на почетокот ќе има „човечки оператор“ во возилото – во случај ако е потребна интервенција. Иако слични услуги се достапни во Кина и САД со години, според западните медиуми, неколку компании сè уште се натпреваруваат за воведување самоуправувачки такси-возила на европските патишта.
Дури 90 отсто од патниците ѝ дале на услугата висока оценка со четири или пет ѕвездички, а на десетици илјади поминати километри, сè уште нема пријавени несреќи, се наведува.
И покрај честопати хаотичниот сообраќај и сложените раскрсници во Хрватска, раководителот на операциите на „Верне“ во земјата, Филип Циндриќ вели дека повеќето патувања одат без никаква интервенција.
– Иако услугата првпат беше најавена на почетокот на април, автомобилите ретко се гледаат на улиците. Засега, тие сообраќаат во центарот на градот, делови од Нов Загреб и околу аеродромот, изјави извршниот директор на „Верне“, Марко Пејковиќ. – Проширувањето ќе оди постепено, при што секоја нова област се воведува само по детално тестирање и откако системот ќе се докаже како сигурен во реални услови, додаде.
Според компанијата, интересот за автоматизираната услуга, којашто чини 1,99 евра по патување – е голем. Во овој миг, се вели, околу 4.000 луѓе се на списокот на чекање.
Пејковиќ нагласи дека ниската цена има за цел привлекување корисници и собирање повратни информации, а се очекува цените да се зголемат со проширувањето на услугата.
Автоматизираните автомобили, коишто можат да се повикаат преку апликацијата на „Верне“, се опремени со повеќе камери, ласери и радари со коишто возилото се движи по улиците. Во Загреб, целта е да се премине на целосно автоматизирана услуга и работа до крајот на годинава – доколку се добијат потребните дозволи. Компанијата, инаку, е во преговори со други 11 градови во Европската Унија, Обединетото Кралство и на Блискиот Исток, за воведување на оваа услуга.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
