-->
-->
Загинал на самото место: Струмичанец со автомобил излетал од патот и удрил во бетонска ограда
-->
Вчера 13.50 часот на патниот правец Струмица-Берово, на излез од с.Дабиле, Г.Т. (49) од с.Петралинци, управувајќи патничко возило „Пежо 607“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда.
Од ударот и здобиените повреди Г.Т. починал на местото.
Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.
По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.
Во периодот од 14.05 до 16.30 часот патот бил затворен, а сообраќајот истиот бил пренасочуван по магистралниот пат с.Дабиле кон с.Босилово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток