-->
-->
Загина жена во судар на шлепер и автомобил во мавровско, мажот и детето тешко повредени
-->
Вчера во 17,10 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар пред Скудрински мост се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило даф со полуприколка со дебарски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(54) од Дебар, и патничко моторно возило “хјундаи“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.С.(40) од Скопје.
Во незгодата сопатничката од возилото “Хјундаи“ М.С.(68) при транспотирање со медицинско возило кон болница им подлегнала на повредите.
И.С. и уште еден сопатник-малолетник се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска
-
Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција
-
Софија реагира и обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје