Загина возач, се забил во патарината Романовце
Едно лице почина откако со автомобил удрил во столб од наплатна станица „Романовце", соопштија денеска и СВР Куманово и РЦУК Куманово.
- Денеска околу 03.27 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна станица „Романовце“ на автопат Скопје - Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрило во столб на наплатната станица, при што настанал пожар на возилото. Притоа, на местото починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од полицијата.
Пожарот го изгасила екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово и од вработени во наплатната станица.
И РЦУК Куманово пренесе информација дека кумановската противпожарна единица интервенирала со едно возило и четворица пожарникари.
Од Итна помош Куманово посочија дека интервенирале, но возачот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
Ново на Сител
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух