Македонија
9. јуни 2024 - 12:29

Загина скопјанка, 26 годишник jа прегазил со мотор

На 08.06.2024 околу 12.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во близина на крстосницата со бул.„Гоце Делчев“ во Скопје моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.С.(26) од Скопје удрил во пешакот А.И.(74) од Скопје, соопшти МВР.

Како што информира МВР, од здобиените повреди на местото на несреќата починала А.И., а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, додека пак со телесни повреди се здобил моторциклистот констатирани во приватна болница во Скопје.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.