Македонија
24. јуни 2024 - 12:41

Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба

Во Луксембург утрово е и шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис. Во изјава за медиумите пред почетокот на состанокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија посебно се фокусираше на земјава и полемиката околу употребата на уставното име од новото државно раководство. Рече дека без целосно усогласување со европското законодавство и без почитување на меѓународното право и меѓународните договори членството во ЕУ е незамисливо.