-->
-->
Загина мотоциклист од кумановско Лопате на автопатот Табановце-Куманово
-->
Мотоциклист од кумановското село Лопате, излетал од коловозот на автопатот Табановце-Куманово и починал на местото на несреќата, соопшти денеска СВР Куманово.
- Денеска околу 02:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Табановце-Куманово, триесет и четиригодишниот В.С. од село Лопате, кумановско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди В.С. починал на самото место на настанот, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош, информираше полицијата.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судската медицина за обдукција. Увид извршила екипа на кумановската полиција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево