Загина маринец за време на вежба во воена база
Еден американски маринец загина, додека 11 се повредени за време на вежба во воена база во Северна Каролина кога воен хеликоптер слета побрзо од вообичаеното, пренесува Танјуг, повикувајќи се на американските власти.
Инцидентот се случи во воената база Кемп Лежен во американската држава Северна Каролина, кога 20 маринци требале да се спуштат по јаже на земја од хеликоптер кој лебдел во зоната на слетување, се наведува во сооопштението.
Засега не се обезбедени дополнителни информации за тоа што го предизвикало инцидентот на хеликоптерот од типот CH-53E.
Еден маринец е прогласен за мртов во болницата во Кемп Лежен, а 11 се хоспитализирани од кои деветмина се пуштени по укажаната помош, додека двајца останаа во болницата и се во стабилна здравствена состојба.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот