Загина 66-годишник во сообраќајка на патот Штип-Велес
Во сообраќајката што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес загина 66 - годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегна на повредите вечерва во 21.30 часот во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од светиниколско Супурге кој е учесник во несреќата од другото возило.
Марина Андова портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес за МИА изјави дека В.П. бил донесен во велешката болница во бесознание и критична состојба. На неговата сопруга, Б.П. 61. и е направена компјутерска томографија, констатирани се скршеници на кичма и карлица и поради тежината на повредите во тешка состојба со возило на итна помош од велешката болница во 20.30 часот е препратена на скопските клиники.
На третиот повреден, 29 -годишниот А.А, исто така му е направена компјутерска томографија и се констатирани повреди на глава, но е надвор од животна опасност. Задржан е на понатамошно лекување и опсервација на Хирушкото одделение во велешката Општа болница.
Несреќата се случила околу 18.20 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.
Ново на Сител
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител