-->
-->
Загина 28-годишен мотоциклист на регионалниот пат Радовиш – с. Ораовица
-->
Загина 28-годишен мотоциклист по собраќајна несреќа со „ауди“ на место викано „Рудина“.
Вчера во 18.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица, информира МВР.
- Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш. Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа од Полициска станица Радовиш, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор
-
Шефот на НАТО: Не грижете се ако евентуално победи Трамп на изборите во САД
-
Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож
-
Обид за убиство во Тетовско
-
Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
-
Кривична пријава за член на надзорен одбор на банка за измама при работење со хартии од вредност