Заев:Бошњаците се нераздвоен дел од богатството во нашата мултикултурна држава и концептот „Едно општество за сите“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија, по повод празникот 28 септември - Меѓународен ден на Бошњаците.
Овој ден, потенцира, го симболизира враќањето на националното име „Бошњак“ и именувањето на вашиот мајчин јазик како босански јазик, вели Заев, е добра можност за да се одбележат културните специфики и вредности на бошњачката етничка заедница во Република Македонија.
- Бошњаците се составен и нераздвоен дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, и активно учествуваат во градењето на концептот „Едно општество за сите“, нагласува во честитката премиерот Заев.
Како определба на Владата на РМ да биде посветена на афирмација на културата, посебностите и традициите на секоја заедница во нашата земја, од оваа учебна година, најави тој, во образованието на учениците Бошњаци им е вратено правото на редовна настава на босански јазик.
- Бидете уверени дека остануваме и понатаму посветени на заложбите за натамошната промоција на бошњачката култура и традиција и во создавањето услови за поквалитетен и попросперитетен живот на сите наши граѓани, се подвлекува во честитката од претседателот на Владата.
Заев упати порака сите заедно да продолжиме со спроведувањето на реформите, за развој на економијата и подобрување на стандардот на граѓаните, на промоцијата на можностите за културно и образовно напредување, како вредности патот на нашите европски и евро-атлантски интеграции, и за изградба на силна, модерна и напредна европска Република Македонија.
Ново на Сител
-

ОЈО поведе постапка против пет лица за злоупотреби со стоковите резерви
-

Приведен албански државјанин поради „криумчарење мигранти“, пронајдени седум лица од Египет и едно од Судан
-

ФЗО: Не е можно доцнење од 30 дена од страна на Фондот при исплата на надомест за породилно отсуство
-

Општина Кисела Вода уриваше дивоградба во населбата 11 Октомври
-

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува на 2 декември
-

Кривична пријава за Дехари
-

Идната недела ќе биде распишан нов тендер за изведувач на Универзална сала
-

Во септември произведени 391.740, а потрошени 373.518 мегават часови електрична енергија
