Заев: Зголемувањето на споровите решени со медијација ќе ја подобри сликата на РМ во извештајот на ЕУ
Развојот на медијацијата ќе ја подобри и сликата на Република Македонија во европскиот извештај за напредок во областа на алтернативното решавање на споровите, истакнал премиерот Зоран Заев на синоќешната средба со делегација на Комората на медијатори на РМ (КМРМ), претставувана од Славе Младеновски, претседател на Комората и членовите Роза Алексова и Дејан Белевски.
Изразувајќи благодарност за средбата како и за политиките на Владата кои носат поддршка, од КМРМ, како што соопшти владината прес-служба, истакнале дека вклучувањето на медијацијата во Стратегијата за реформа на правосудниот систем, е од исклучително значење и непосредна придобивка за граѓаните.
Задоволни од досегашната соработка со Владата, особено за можноста која им е дадена како учесници во Работната група на Владата да контрибуираат во измени на законската легислатива од областа на медијацијата и за другите релевантни прашања од оваа област, членовите на делегацијата на Комората на медијаторите нагласиле дека се надеваат на понатамошна соработка и помош од Владата во насока на донесување и преземање на одредени нормативни, логистички и оперативни решенија за промовирање и развој на медијацијата во земјата.
На средбата, на која присуствувал и посебниот советник за правда Тања Чачарова-Илиевска, премиерот Заев се заблагодарил за довербата што Комората на медијатори ја имаат во Владата и изразил подготвеност за поголема поддршка и промоција на медијацијата.
Заев, како што е наведено во соопштението од владината прес-служба, потенцирал дека од приближувањето на медијацијата до граѓаните, посебно до вработените во јавната администрација, се очекува поголема придобивка за целото општество, пред сè во смисла на обезбедување на економичност, ефикасност и брзина во решавање на спорни ситуации, и заштеда во буџетите на граѓаните и на државата.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот