Заев: Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС
Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС, што подразбира расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
Избраниот изведувач, како што посочува премиерот, е грчката компанија „Полиеко“, а за чистењето на малата депонија Министерството за животна средина и просторно планирање воспостави соработка со две агенции на Обединетите нации – УНИДО и УНОПС.
– Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот од малата депонија во ОХИС изнесува приближно 8 милиони евра. Првичните средства се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а во соработка со УНИДО, додека за обезбедување на потребните дополнителни средства се формираше Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина, во кој се собраа средства од повеќе извори, меѓу кои и од Кралството Норвешка, а имплементациона единица е УНОПС, истакнува Заев.
Како Влада на Република Македонија, посочува премиерот, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, правиме напори да обезбедиме средства од повеќе извори за чистење и на големата депонија, како и за чистење на погонот за електролиза контаминиран со жива.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава