Заев за висококатниците кај „Холидеј Ин“: Ако се исполнат условите законски е да се добие одобрение за градба
Секоја реакција на граѓаните е вредна за размислување, но секако и почитувањето на законот и Уставот на државата е вреден и за размислување и за спроведување, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со онлајн-петицијата на граѓани против изградба на висококатници на паркингот спроти.
– Треба да се види законското решение, треба да се види дали одобрението за градба е во согласност Генералниот и со Деталниот урбанистички план, дали е согласно со Законот за урбанистичко планирање и дали е согласно со Законот за градење, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања.
Премиерот истакна дека треба да се провери дали тој што го добил одобрението за градба ги исполнува законските услови.
– Тоа да биде согласно Законот за урбанистичко планирање од 2019 година, којшто јасно предвидува дека паркирањето се решава во рамки на парцелата, не може надвор по катни гаражи и тоа автоматски го намалува габаритот на изградбата, дека зелен простор треба да биде најмалку 20 отсто, а како што ме информираше градоначалникот има двојно повеќе зелен простор во целиот тој дел, истакна Заев.
Тој додаде дека ако е нарушен кој било од законите или во постапката на одобрение за градба, треба да се укине одобрението и да не се дава, а ако се исполнети законските основи треба да се искористи уставното и законското право за добивање одобрение за градба.
– Затоа Парламентот ги промени законите, на предлог на Владата, слушајќи ги граѓаните – за мегаломанството во градењето и големите катности и вградивме вакви механизми и алатки во самиот Закон за урбанистичко планирање и во Законот за градење коишто дефинитивно ги оневозмоуваат практично мегаломанствата во изградбата, рече Заев.
Викендов беше иницирана онлајн петиција против изградба на висококатници на паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје. Како што информираа иницијаторите на акцијата само за еден ден на петициата се потпишале околу 5000 граѓани.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка