Заев за бегството на Мијалков: Апсолутно нема политички договор
Премиерот Зоран Заев е разочаран што Сашо Мијалков се уште не е пронајден и не е однесен во куќен притвор, што му го одредил судот. Тој очекува институците да направат се тој да биде пронајден и однесен во куќен притвор. Очекува детали од сите надлежни институции за овој случај и како што вели, ако некаде биле констатирани пропусти ќе се бара одговорност.
– Очекувам детални информации и истрага за самиот случај од судот, јавното обвинителство и од МВР. Нашиот народ очекува целосно расветлување на ваквиот случај и понесување одговорност ако не се спроведе судското решение за ставање во притвор на лице за кое се очекува да се донесе пресуда за еден од најважните случаи во РС Македонија,а тоа е разрешницата преку пресуда на Основен суд за случајот со прислушувањето или таканаречен „Таргет-тврдина“, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања по сведочењето во случајот „Титаник“.
Нагласи дека ќе побара одговорност кога ќе се дознаат сите детали.
-Синоќа судот дал наредба за домашен притвор во 18:30, по што во Бирото за јавна безбедност е примена наредбата и веднаш се преземени дејства. Ред е да ги видиме деталите и ако има било каков пропуст што не е дозволиво ќе побарам одговорност, рече Заев.
Според него, дека нема никаков политички договор со Мијалков говори тоа што процесот против него за случајот со прислушувањата е пред изрекување пресуда.
Апсолутно нема политички договор, рече Заев, додавајќи дека е среќен што како извршна власт обезбедиле услови во време, како што потенцира, по режим и грабеж на државата, да се организира јавен процес кој финишира.
-Тој правен процес очекувам седмицава да финишира. Веќе е најавена казна, веројатно заради јавните седници кои се отворени и јавно презентирани и тоа е причината зошто Мијалков не е најден дома, рече Заев.
Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд
Министерството за внатрешни работи соопшти дека распиша национална, а ќе побара и меѓународна потерница за Мијалков.
-Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници ограбени во Аеродром
-
Фатени две лица кои запалиле угостителски објект
-
Малолетниот Коста од судот доби статус на „оштетен“
-
Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта
-
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
-
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
-
По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
-
Околу 50 земји во ОН ја потврдија својата поддршка за Украина