Заев: Вршиме прва реконструкција на патот Бутел-Љуботен по 28 години

Увид во градежните работи од втора фаза за реконструкција на патот од село Бутел до село Љуботен, изврши денеска премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Заев, по завршување на увидот, рече дека ова е важен проект за поддршка на руралниот развој.
– Преку овој патен правец во должина од седум километри во вредност од 12 милиони денари целосно обезбедени од локалната самоуправа се поврзуват 5.000 жители, изјави Заев по увидот во градежните работи.
Ова, нагласи Заев, е прва реконструкција на овој патен правец по 28 години.
– Делницата значи подобро поврзување на 5.000 жители и очекувам да го поттикне економакиот развојот на овој регион, изјави Заев.
Првата фаза, појасни Заев, беше реализирана со инвестиција од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во висина од 11 милиони денари, додека вторара фаза ќе биде целосно реализирана од средства обезбедени од општината.
Заев, исто така, го најави и проектот мегалополис, што предвидува патно поврзување на сите населени места за помалку од еден час.
– Планираме инвестиција за изградба на 600 километри автопати, 550 километри магистрални и 1.000 километри регионални патишта, изјави Заев.
Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, рече дека општината обезбедила 11 милиони денари за завршување на втората фаза на патот Бутел-Љуботен.
– Не бираме каде, работиме за потребите на граѓаните, изјави Смилевски.
Појанси дека во првата фаза е направено проширувањето од 1.5 метар со средства со АФПЗРР, а во втората фаза општината ќе стави нов горен слој асфалт.
Ново на Сител
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
-

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски
-

Кривична за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет
-

Кривична за професор од средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка
