Заев во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Премиерот Зоран Заев кој ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк, денеска треба да се сретне со генералниот секретар на Светката организација, Антонио Гутереш. Средбата, според агендата објавена на веб страницата на ОН, ќе биде во 11:45 часот по локално време.
Заев вчера учествуваше на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој. Во обраќањето на форумот нагласи дека во наредниот период Република Северна Македонија ќе биде интензивно посветена на процесот за пристапување во членство во ЕУ. Како пет приоритетни цели за одржлив развој на Владата за периодот 2018-2020 година, ги псоочи намалување на сиромаштија, квалитетно образование, пристојна работа и економски раст, климатска акција и силни институции за мир и правда.
Официјалното обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија. Во состав на владината делегација се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Ново на Сител
-
ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка Османи
-
Повреден пожарникар од Струмица при гаснење пожар
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Трамп: Ќе поднесам оставка доколку моето здравје се влоши за време на функцијата
-
Мицкоски: Илинден е историска вистина и нашиот најсилен повик за акција и единство денес
-
ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци, полицијата трага по сторителите
-
Турција го блокираше пристапот до Инстаграм
-
Во Крушево почна одбележувањето на 2 Август