Откажани утрински летови Истанбул-Скопје и Скопје-Истанбул
Според веб страницата на ТАВ - аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на која се прикажани полетувања и слетувања на авионските летови, откажани се утринските летови на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул за Скопје и од Скопје за Истанбул.
Откажан е летот од Скопје за Истанбул ТК 1004 за утрово во 09.25 часот на „Туркиш ерлајнс“, како и слетувањето на авионот од Истанбул за Скопје ТК 1003 од најавен за во 08.30.
Засега, како што стои на веб страницата, ќе се реализираат вечерните летови ТК 1006 за во 22.55 минути за Истанбул, како и слетувањето на авионот ТК 1005 од Истанбул за Скопје за во 20 часот.
Авио линиите за Анталија за денеска и утре, како што стои на веб страницата на ТАВ - аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, ќе се одвиваат во најавениот авионски распоред.
Ново на Сител
-
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради пожарите кај Сребреница
-
Почна свечената академија по повод Денот на независноста - 8 Септември
-
Либија: Уапсен командант на милиција по убиството на криумчар на луѓе
-
Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од три години
-
Тројца Израелци убиени во вооружен напад на граничен премин меѓу Израел и Јордан
-
ИДФ: Повеќе од 50 ракети истрелани од Либан врз северниот дел на Израел
-
АХВ казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје
-
Димитриевски: Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава