Заев во еднодневна посета на Сараево
Премиерот Зоран Заев, денеска е во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина, каде ќе се сретне со претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ.
Како што информира владината прес-служба, по средбата, двајцата премиери ќе присуствуваат на церемонијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017“, каде што премиерот Заев ќе има обраќање.
Тој е почесен гостин на оваа значајна манифестација за бизнисот во Југоисточна и Средна Европа, како минатогодишен добитник на наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа и оваа година ќе има чест да додели една од наградите.
- Соработката и напредокот на регионот носат квалитетен живот за граѓаните на нашите држави, да продолжиме да ги продлабочуваме економските и политичките односи, ќе биде, како што стои во соопштението, една од пораките на премиерот Заев на церемонијата.
Во рамките на посетата на Сараево, премиерот Заев предвидено е да се сретне и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е исто така во работна посета на Сараево.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024