Заев верува во успешни претседателски избори, во спротивно не чека нова политичка криза

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува успешни претседателски избори и постигнување на цензусот во вториот изборен круг, во спротивно смета би се создало нова политичка криза.
-За нас очекувањето е изборите да бидат стопроцентно успешни. Не си дозволувам да коментирам што би било кога би било, очекувам и знам дека цензусот мсжеме да го постигнеме. Кога зборуваме за ситуации што ќе биде ако биде тогаш демотивираме излезеност. Јас верувам дека ќе имаме успешен прв круг и успешен втор круг, дека непосредните избори се подобредојдени, секогаш ни стојат на располагање алатките претседателот да се бира во Парламентот, секогаш ни стојат и алатките да ги повториме изборите. Сето тоа се наши правни можности. Но, имаме одговорност сите како граѓани да излеземе и да гласаме, да избереме претседател на нашата земја.Тоа е право на граѓаните, тие ќе си одлучат кого ќе изберат. Да не ја пропуштаме оваа шанса. Неизборот на претседател значи нова политичка криза, а тоа не ни треба, рече премиерот Заев на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СДСМ во врска со можноста да се отвори Уставот за да се промени начинот на избор на претседател на државата во Собранието, за што коалицискиот партнер ДУИ изрази согласност.
Според него, последните анкети покажуваат дека граѓаните чувствуваат огромна одговорност за успешноста на изборите.
-Верувам дека таа огромна одговорност ќе се преточи на дело со максимална излезеност на сите оние граѓани кои се дома. Секако знаеме дека има еден голем процент од граѓаните кои заминале надвор од државата, но знам дека ќе излезат во масовна бројка, вели премиерот Заев.
Запрашан дали досега е разговарано со опозициската ВМРО-ДПМНЕ за можностите што ги спомена министерката за правда во случај на неуспешни претседателски избори со оглед дека е потребно двотретинско мнозинство за измени на Уставот, премиерот Заев рече дека за тоа не е разговарано.
Ново на Сител
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
-

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР
-

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
-

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
-

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2030 ќе биде донесена на почетокот на јануари
