Заев: Унгарската влада му помогна на Груевски да избега од Македонија и му даде дозвола за престој во Унгарија
Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Македонија, но земјата нема да бара алтернативи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле.
Сепак Заев вели дека е оптимист и дека се надева дека ќе се изнајде решение со доаѓање на новата влада во Софија.
Зборувајќи за Груевски, Заев рече дека се бара легален начин за тој да се врати во државата.
На забелешката на новинарката дека Македонија падна на најниското место на листата за корупција на Транспаренси интернешнл и дека и понатаму стојат забелешките дека не се гони ткн. висока корупција меѓу поранешни и актуелни функционери, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, Заев објаснува дека тоа не е вистина.
„Унгарската влада му помогна на Груевски да избега од Македонија и му даде дозвола за престој во Унгарија, што според нас, се коси со меѓународното право. Ние сега бараме легален начин како да го вратиме назад за да си ја отслужи затворската казна“, вели премиерот.
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
