Македонија
26. February 2020 - 11:27

Заев: Трајковски ќе остане запаметен како чесен, доблесен и проевропски политичар

Денеска се навршуваат 16 години од трагичната смрт на миротворецот Борис Трајковски, еден од потписниците на Охридскиот Рамковен договор во 2001. „Блажени се тие што градат мир…“ е дел од библиската порака од неговиот надгробен споменик, која е аманет за сите политичари, напиша лидерот на СДСМ ,Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.
 
Претседателот Борис Трајковски, како што пишува Заев, вечно ќе остане запаметен како чесен и доблесен, проевропски политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.
 
– Ние продолжуваме да го следиме неговиот пример, градејќи мир, едно општество и соработка со сите наши соседи, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев.