Заев: Традициите и културата на Бошњаците се нераскинлив дел од нашата мултиетничка држава
Денеска го одбележуваме 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, ден кој го симболизира враќањето на националното име Бошњак и именувањето на мајчиниот јазик на Бошњаците како босански јазик, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот ФБ профил.
– Бошњаците во Македонија отсекогаш биле активни во унапредувањето на нашето заедничко општество и во изградбата на институциите на нашата држава. Традициите и културата на Бошњаците се составен и нераскинлив дел од богатството во нашата мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава, и многу вреден и драгоцен сегмент во нашиот концепт „Едно општество за сите“, објави Заев.
На фејсбук премиерот Заев потенцира дека Владата на Република Македонија и во иднина ќе продолжи да ги зајакнува институционалните можности за негување и унапредување на интересите и културните особености на бошњачката заедница, како што во 2018 година во образованието на учениците Бошњаци им е вратено правото на редовна настава на босански јазик.
– Денес босанскиот јазик е дел од програмата на Националната телевизија. Со честитките за вашиот празник ја испраќам и пораката да продолжиме сите заедно да градиме просперитетна иднина и благосостојба. Заеднички да чекориме по европскиот пат и да придонесуваме за подобар живот на сите наши граѓани, е пораката од премиерот Заев објавено на неговиор ФБ профил.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак