Заев: Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев по повод празникот 24 Мај – Денот на сесловенските просветители упати писмо со честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан, до Синодот, свештенството и монаштвото, како и до сите православни верници во нашата земја.
-Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви го честитам големиот празник денот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, учители словенски. На 24 Мај, Денот на сесловенските просветители го одбележуваме епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј, благодарение на кое македонскиот народ, но и останатите словенски народи самоуверено зачекорија на светската цивилизациска сцена, вели Заев во честитката.
Додава дека ова е исклучително значаен цивилизациски процес во чијшто темелот е создавањето на првата азбука – глаголицата, од која подоцна нивните следбеници, пред сѐ, Свети Климент Охридски ќе ја создаде кирилицата како основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.
-Светите браќа овозможија Библијата да биде достапна за сите Словени, а во тој дух на отвореност денес оддаваме почит на нивното дело заедно со сите останати словенски и други народи, кои чувствуваат ист долг кон нивното дело и наследство и ја слават со достоинство и чест, напиша Заев.
-Водени од космополитските начела на Светите браќа и нивните ученици, кои спроведоа широка културна активност преку описменување на населението, превод на книги и формирање на книжевни школи, од кои особено е значајна нашата Светиклиментова охридска школа, да покажеме визионерство и преку употребата на алатките кои современата технологија ни ги нуди да се справиме со образовните предизвици на нашето време. Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј!“, напиша Заев во честитката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот