Заев стои зад рекетарите Боки 13 и Катица
Изнудите на милиони евра, злоупотребите на функциите, расипништвото, неправдата, огромните суми на пари во готово за кои јавноста слуша во судкиот процес Рекет се само врв на ледениот брег. Тоа што се крие под површината е режисерот и главниот заштитник на рекетарите Зоран Заев и неговиот монструозен план за рекетирање и лично богатење.
Во Република Македонија владее рекетарско корумпирана влада на СДСМ.
Со СДСМ и Зоран Заев секој бизнисмен или обичен граѓанин е жртва или може да стане жртва.
Вилма Рускоска го штити и го прикрива криминалот на Зоран Заев. Со тоа Вилма Рускоска директно го поддржува и го одобрува криминалот на Заев.
Никој не верува во приказната дека зад рекетирање и уценување на бизнисмени стојат сами обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева. Секој човек знае дека зад нив е директно врхушката на власт на чело со Зоран Заев.
Случајот Рекет каде што целата јавност е сведок како се уценуваат бизнисмени и се изрекетирани милионски суми, мора да добие правна разрешница.
Институциите мора да работат во интерес на правдата, владеењето на правото и во интерес на граѓаните.
Јавно обвинителство и судството мора да работат согласно законските прописи, професионално и непристрасно.
Јавното обвинителство мора да се ослободи од спрегата на СДСМ и Зоран Заев.
Граѓаните на 12 април ќе му порачаат на Заев и СДСМ дека им е доста од сите криминални и корупциски афери и скандали.
На 12 април заминува целото криминално раководство на СДСМ.
На 12 април почнува Обновата на Македонија, владеењето на правото и правната држава.
СДСМ и Зоран Заев се виновни за сите измами, порази и криминали.
СДСМ и Зоран Заев никогаш повеќе.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана