Заев: Со Договорот со Грција е затворено и последното прашање на патот кон ЕУ и НАТО
По Договорот со Бугарија, постигнат е достоинствен договор и со Грција, со што е затворено и последното прашање кое стои на патот на Македонија во евроатлантските аспирации, рече денеска премиерот Зоран Заев на средбата со делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија, предводена од ко-известителите Лиза Кристоферсен и Валериу Гилечи.
- Граѓаните ќе го дадат последниот збор на референдум во врска со Договорот со Грција, но очекувам општествена свест и сите да застанеме зад развојот на Македонија и да продолжиме уште поактивно да ја движиме државата напред, истакна премиерот.
Според него, добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе биде мотив повеќе во енергичниот реформски пристап на Владата, која во овој процес ги вклучува активно и сите други општествени и политички чинители.
Од Кабинетот на премиерот соопштија дека на средбата се разговарало за реформите во судството, почитувањето на законите, демократијата и човековите права, за измените во Изборниот законик, како и за потребната зрелост од сите политички субјекти во државата за носење одлуки во интерес на натамошните перспективи и стабилноста на Македонија.
Претставниците на Парламентарното собрание на СЕ даваат поддршка на евроинтеграциските процеси на Македонија и на напредокот на државава.
- Македонија е на добар пат во реализацијата на своите стратешки цели, интеграциите во ЕУ и во НАТО и подобар живот на граѓаните на економски план. Ги спроведуваме посветено потребните реформи во земјата низ инклузивни политики и водиме политики на добрососедство, што ги отворија перспективите на нашата држава, оценил премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми
-
Ребаланс – па локални избори! Мицкоски најави 3 инвестиции во Штип и над 1.000 вработувања
-
Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници
-
Преглед на вестите од светот