Заев: Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка
Премиерот Зоран Заев, во коментар на реакциите и барањата за и против изградбата на висококатници спроти Холидеј Ин во Општина Центар, денеска порача дека Скопје треба да продолжи да се гради, но со мерка, со почитување на законите за урбанистичко планирање и за градење. Тој потенцираше и дека е важна усогласеноста на Генералниот и деталниот урбанистички план.
– Во делот на висококатнците уште еднаш ќе напоменам дека нашето главно ветување е дека Скопје треба да продолжи да се гради но со усул, односно ваквите мегаломанските проекти треба да бидат стратени, скротени и нормализирани. Сивилото на цементираното паркиралиште не е трајно решение за Холидеј ин, но не е решение и шеесеткатница. Затоа усогласеноста на ГУП-от со ДУП-от е важна работа и тоа е потврдено. Правото согласно Устав и Закон не може никој да го спречи, односно тој што ќе го спречи на крајот треба општината или државата да плати, а веќе имаме плаќано штети од по 6 милиони и 8.5 милиони евра од минати постапки, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој дополни дека е важно што со новиот Закон за урбанистичко планирање повеќе не е дозволено решение за паркинг надвор од парцела, што, потенцира, значи дека го скротува мегаломанството на самата градба. Истовремено, дополни, облигаторно е најмалку 20 проценти да биде зелена површина. Парцелата која што е во постапка за добивање одобрение за градба е 12.000 квадрати, а нудат 6.500 метри квадратни зелена површина. Ако некој надвор од закон тоа го спречи треба да обезбеди пари да го плати. Ние велиме тука има куќа, зграда или фабрика, а сакаме да направиме парк, ако така одлучат соодветните органи, во конкретниот случај тоа е Советот на Општина Центар, треба да обезбедат пари да го платат тоа и да го направат паркот, ако не да дадат планот да се развие, односно да ја исполни целта на постоењето, посочи Заев.
Наведе дека за овој проект го слуша секојдневно критичкиот осврт на јавноста и проверува дали е издржан или не, и следи што значи примената на законите.
Дефинитивно, нагласи, верувам дека се запазени сите критериуми, доколку не се, не може да се добие одбрение за градба. Но, доколку се запазени сите законски услови согласно со Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање, согласно Генералниот, и Деталниот план на Општина Центар за самата локација, тогаш никој не може и да спречи барање за добивање одобрение за градба. Не кажувам дека треба да се даде одобрение за градба заради тоа што никој не треба да спречи, треба да се даде одобрение, но тоа да биде со усул запазувајќи ги сите параметри и очекувања кои ги има народот, а веќе се вградени во последните закони за урбанистичко планирање и за градба, рече Заев.
Како што дополни, сака жителите од Ново маало кои бараат да се реализира проектот за да добијат нови станови или куќи да најдат спогодба и решение. Но, вели тој, истовремено будното око и на Владата преку соодветните министерства и на општината мора да биде комплетно фокусирано заради тоа што и така ќе бидат исполнети законските алатки, кои веќе се вградени, а тоа значи автоматски ако морате да го решите паркигот не на монтажни, туку да го решите на платото или под земја.
– Автоматски е ограничен бројот и на висината и на станбените единици, или на какви било станбени единици внатре. Овој или кој било инвеститор е повикан да мора да ги намали висините или габарити. Оставен е простор за циркулација на воздухот тоа што можев да го видам, но секако архитектите, градоначалникот, транспорт и врски, сите заедно да ја донесат одлуката, изјави Заев.
Инвеститорот „МГ Фешн“ преку електронскиот систем на Општината поднел барање за градежна дозвола, а изградбата може да се спречи доколку Советот на Општина Центар донесе одлука за суспензија, но штетите доколку се влезе во постапката за суспензија, а не се постигне посакуваниот ефект, ќе ги сноси Општината.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера повтори дека службите на Министерството ќе постапат веднаш доколку Општина Центар до нив достави елаборат за суспензија на спорниот ДУП за парцелите спроти Холидеј Ин, посочувајќи дека од општината испратиле само прашалник како да се изработи елаборатот.
Ново на Сител
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија
-
Путин го потпиша законот за взаемна одбрана со Северна Кореја во случај на воен напад
-
Трамп: Хејли и Помпео нема да бидат дел од новата администрација
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно и постудено, до 14 степени
-
Дејан Митровски Урко за настапот на ЕП: Браво за целиот тим, задоволен сум од успехот, одиме понатаму!